Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Павел Поцев Шатев

Роден е во Кратово на 15 јуни 1882 година. Основно училиште завршува во Кратово, потоа во Скопје и гимназија во Солун, каде и матурира во 1899/1900 година. Уште како ученик во Солун, со револуционерното дело се запознава од П.Тошев и Х.Матов. Во 1901/1902 учебна година, е назначен за учител во Лесново.

Со групата на гемиџиите за време на Солунските атентати, април 1903 година, тој го запалил францускиот параброд „Гвадалкивир“. Тој е уапсен и осуден на доживотен затвор. По општата амнестија од султанот 1908 година е ослободен од затворот во Фезан, Либија.

Тој е еден од основачите на ВМРО (Об.) во 1925 г. Во 1931 г. се враќа во Бугарија и работи во бугарската државна безбедност, а во 1934 г. година работи како адвокат, во кое време се оддава и на публицистика. Во 1942 година во Софија е осуден на смрт,  па потоа преиначена на 15 години затвор. На 8 септември 1944 година е амнестиран и ослободен.

На 27 октомври 1944 година е делегат на АСНОМ. Во првата македонска влада (1945) е избран за министер на правосудство, потоа, во мај 1946 г. за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. На првите избори за Собранието на ДФЈ за сојузен народен пратеник.

Во 1949 година, по Резолуцијата на Инфорбирото, беше уапсен „како потенцијален непријател на државата“ е отстранет од јавниот живот. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во еден вид домашен притвор каде останува до смртта, на 30 јануари 1951 година. Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј.Б.Тито и Л.Колишевски.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik